McLaren најави нов родстер

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител McLaren објави дека во моментов работи на развојот на нов родстер модел од специјалната Ultimate серија.

Иако нема многу официјални информаци, од објавенито тизер фотографии може да се забележи дека овој модел ќе ја следи досегашната дизајнерска филозофија која е применета кај останатите модели на овој производител.

Британските медиуми пишуваат дека овој автомобил ќе располага со 4.0 литарски V8 twin-turbo мотор со погон на задните тркала. Тежината ќе биде далеку помала во споредба со онаа на моделот Senna, па оттука се очекуваат и подобри перформанси.

Традиционално, како и сите досегашни McLaren модели така и овој ќе биде произведен во ограничен број на примероци и тоа само 399, а продажната цена ќе изнесува околу 1.5 милиони евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK