Еве што се случува кога ќе СВАРИТЕ стара Lada (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Екипата на Garage54 од Русија во низата лудории објавени на својот YouTube канал објави уште една, несекојдневна. Русите се познати по своите луди и понекогаш неразбрани идеи или размислувања. Она што некому и нема да му текне, тие ќе го реализираат.

Овојпат тие успеаа да сварат стара Lada и тоа во голем контејнер полн со 10 тона вода. Токму така, добро прочитавте – СВАРИ. Исто као што се вари супа или манџа. Само овојпат се вари автомобил.

Овој автомобил го ставија во контејнерот со помош на кран, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете на видеото во продолжение.

Се разбира дека ова нема да го видите на ниту еден друг канал, или некој друг да го направи истото. Најчесто во преден план на ваквите акции се токму возила Лада.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK