Минхен ќе реагира: Забрана за дизели поради „шокантна“ емисија на гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот град Минхен размислува за забрана на дизелските мотори поради „шокирачката“ емисија на азотни оксиди во градот, изјавил градоначалникот во интервки за весникот „Зидојче Цајтунг“. По скандалот со „расипаните“ дизелски мотори на VW кои испуштале повеќе гасови од дозволеното, ја става на „тенок мраз“ оваа технологија, и производителите имаат потешкотии да се усогласат со барањата за испуштање на азотни оксиди.

„Без разлика колку јас сакам да го избегнете тоа, мислам дека е невозможно да продолжиме во иднина без таква забрана, изјавил Дитер Рајтер, градоначалникот на Минхен.

Во врска со последните резултати околу азотните оксиди во воздухот во градот, тој изјавил: „Резултатите се шокирачки, никој не го очекуваше тоа“

Со одлуката за забрана за движење би биле опфатени меѓу 133.000 и 170.000 возила во зависност колку строго ќе биде правилото. Возилата што ги задоволуваат Еуро 6 нормите ќе бидат иземени од ова.

Слично размислување има и од градот Штутгарт, домот на Mercedes Benz и Porsche, каде постои размислување за забрана на одредени дизелски мотори од следната година.
Околу половина од новите автомобили што се продаваат во Германија се дизели, пред појавувањето на скандалот со VW. Но, во март годинава продажбата на нови дизели опфаќала 40 отсто до пазарот, што е пад за 5,8 отсто во споредба со истиот период лани. Во 2012 година тој процент бил најголем, 48,1 отсто.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK