Прв триумф на Марко Блажевски сезонава во Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Тркачкиот викенд во Twingo Cup на патеката Ред Бул Ринг во Австрија почна со шампањаско и победа за Марко Блажевски, кој ја потврди добрата форма и мотивација. Откако во квалификациите го освои четвртото место и беше најдобро пласиран Македонце на првата трка Блажевски го освои петтото место во генерален пласман и беше победник во првенството на Македонија. Со овој триумф Блажевски има вкупно 35 бода во првенството на Македонија.

За разлика од квалификациите кои се возеа по сончево и суво време, цела ноќ во Шпилберг врнеше дожд, и утрината на патеката имаше пониска температура. Трката првично требаше да се вози вчера, но поради неколкуте други откажувања на трките и одложувања, Twingo Cup требаше да се вози многу доцна, па беше решено двете трки да се преместат за денеска.

На подиумот во првенството на Македонија се искачија и Давид Малинковски кој беше второпласиран и Слободан Трајковски на третото место. За Трајковски ова е прв подиум сезонава, додека Малинковски на сите три досегашни трки се искачуваше на подиумот.

Блажевски тргна од 4 место, но после првите свиоци падна на 6 место. По 5 минути возење се врати на своето 4 место од каде и ја почна трката. Во третиот круг Блажевски на стартно целната рамнина реши да излезе од групатаи од деесна страна престигна двајца возачи, качувајќи се на второто место. Дотогашниот лидер Младеновиќ падна на 5 место, а нов лидер беше Ник Стефанчиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

На патеката имаше вкупно 31 возило и долга колона н авозила кои возеа во “змија“, и секоја грешка значи излегување од колоната. Во секоја ситуација секоја се обидува да има подобра позиција, па имаше и доста потчукнувања и туркања. Блажевски беше цел на многу такви удари, па во еден дуел од второт падна на осмото место. Но, потоа повторно со крајни напори успеа да се врати и да биде петтопласиран во генерален пласман и побендик во првенството на Македонија.

Следната трка се вози денеска од 15,30 часот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK