Играчка – плачка: Деца уништија 37 автомобили (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Момчиња на возраст од 10 и 13 години ќе бидат изведени пред судот во Перт во Австралија. Обвинети се за уништување на туѓ имот. Тие уништија 37 нови автомобили Toyota кои се наоѓале во паркинг во Перт, а биле фатени како скокаат на шофершајбните и фрлаат бетонски блокови на нив.

Според полицијата првиот напад бил направен рано наутро со сабота кога биле уништени 23 возила. Очигледно не биле задоволни од размерот на уништените возила и вечерта одново се вратиле за да ја соберат својата облека и да оштетат уште 14 возила.

Дилерскиот центар Maddington Toyota, чии возила биле оштетени пресмета штета од 100.000 долари. Тоа ќе биде покриено од осигурителната компанија, а се смета дека ќе биде потребен барем еден месец за ремонт на возилата.

Идентитетот на момчињата не е објавен бидејќи се малолетни, но од полицијата велат дека тие веќе имале проблеми со полицијата и биле апсени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK