Како VW го намалува метежот во сообраќајот?

ОБЈАВЕНО НА:

Од Vоlkswаgеn објавија официјално соопштените дека прават испитувања во реални услови на нов вид на навигациски систе, кој работи со помош на квантни пресметки. Маршрутите, кои ги препорачува иновативната навигација се различни од тие на стандардната навигација и не само што предлагаат оптимална маршрута туку и спречуваат создавање на метеж. Навигацијата е наменета за автобусите од јавниот превоз. Според Vоlkswаgеn тоа е првиот ваков експеримент во светот за оптимизација на патниот сообраќај.

Испитувањата се спроведуваат во реални услови во Лисабон од 4 ноември и се во рамки на технолошката конференција Wеb Summit. Новиот систем е разработен согласно со компаниите Hеxаd и PTV Grоup и се состои од две компоненти. Првиот со помош на стандарден компјутер ќе го прогнозира бројот на патници на 26 автобуски станици. За таа цел ќе се користат анонимни податоци од смартфоните.

Втората компонента ќе работи со помош на квантен компјутер од канадската фирма D-Wаvе Systеms и со информациите од него ќе се даваат податоци за движењето на автомобилите на секои две минуви, а на база на тие информации ќе се нуди индивидуална маршрута на автобусите. На тој начин самите тие нема да имаат задржувања бидејќи ќе се „спасат“ од вакви работи.

Квантниот компјутер ги обработува информациите за дел од секундата, додека на стандарден компјутер му се потребни десетина минути за истата работа. Сличен експеримент беше направен од Vоlkswаgеn во Пекинг во 2016 година, кога во него учествуваа 10.000 такси возила. Тогаш на секој возач на такси му беше предложена најбрзата маршрута од возможните. Работата се засноваше одново на алгоритам составен од квантниот компјутер D-Wаvе.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK