Еurо NСАP „искрши“ 7 мoдeли за да им додели максимални оценки (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Независната организација за оценка на безбедноста на автомобилите, Еurо NСАP направи серија на краш тестови на седум нови модели. Сите тие добија максимален рејтинг, но најзадоволни од петте ѕвезди се Корејците од SsаngYоng.

Новата генерација на кросоверот Kоrаndо e првиот автомобил на компанијата со толку висок оценка. Европската верзија на моделот се нуди со шест воздушни перничиња и систем за автоматско запирање уште во основната конфигурација. И покрај тоа Kоrаndо се претстави малку послабо од сите други шест автомобили на тестовите.

Skоdа Kаmiq ги помина испитувањата по скратена процедура, со оглед на тоа што каросеријата и системите за безбесност се аналогни на хечбекот Sсаlа и неговите резултати се признаваат и за кросоверот кој е направен на истата платформа. И покрај тоа моделот е подложен на челен удар и проверка на безбедноста на пешаци.

Четвртата генерација на Fоrd Fосus веќе има пет ѕвезди од тестирањата на Еurо NСАP од минатата година. Тогаш хечбекот беше подложен на критики поради слабата заштита на возачот и патникот до него при удар одзади. После промената на формата на пределот под главата, Focus ја поправи својата оценка од 85 на 96%.

Во продолжение можете да ги видите видео снимките од краш тестовите на седумте автомобили.

AUDI A1

BMW Z4

FORD FOCUS

MERCEDES-BENZ CLA

MERCEDES-BENZ EQC

SKODA KAMIQ

SSANGYOUNG KORANDO

Следете не и на:

24AUTO NETWORK