По 100. гол за Јувентус: Дибала се почeсти со автомобил од 400.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку денови откако Кристијано Роналдо за 1,6 милиони евра си купи Ferrari Monza, неговиот соиграч од редовите на Јувентус, Пауло Дибала се поднови со автомобил кој е за четири пати поевтин.

Аргентинецот за 400 илјади евра купи Lamborghini Aventador S Roadster во жолта боја, а поводот за тоа беше постигнувањето на 100-тиот јубилее гол за екипта на Јувентус.

“Беше љубов на прв поглед” изјави Дибала. “Чекав со години за да го нарачам, но сега ми е чест да го поседувам” додаде тој за италијанските медиуми. Тој го потенцираше екстериерниот изглед за кој наведе дека е младеачки и полн со емоции.

27 годишниот Пауло Дибала го потигна 100-тиот гол на својот 251 натпревар за Бјанконерите. Сезонава игра далеку под очекувањата што резултираше и со негово изоставање од репрезентацијата на Аргентина за претстојните репрезентативни натпревари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK