Peugeot 608 ќе се произведува – ова е можниот изглед (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Француските производители имаат проблеми кога станува збор за големите лимузини. Последен автомобил лансиран во овие сегменти е Peugeot 508, но сеуште недостасува вистинска лимузина.

На интернет се појави неофицијална информација дека спојувањето на FCA и PSA ќе значи и производство на една ваква лимузина која ќе го носи називот 608.

За таа цел ќе биде искористена M156 платформата која е развиена од страна на Maserati и се користи кај моделите Quattroporte и Ghibli.

Во меѓувреме на интернет се појави рендер за можниот изглед, а дело на истиот е Андрела Неделе кој ја прикажа неговата визија за оваа голема лимузина. При тоа овој диајнер е воден од актуелната дизајнерска филозофија на Peugeot па оттука и препознатливите дизајнерски елементи од останатите автомобили во понудата на францускиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK