Бетонска плоча му го смачка возилото, за секунда избегна сигурна смрт (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Жител на Владивосток за малку можеше да загине откако во последна секунда се тргна пред да го згмечи бетонска плоча.

Настанот се случил на паркинг пред станбена зграда на крајниот исток на Русија. Поради непознати причини, од горниот дел на зградата отпаднала бетонска плоча која буквално му го смачка неговото возило Nissan X-Trail.

Додека го чистел возилото, неименуваниот Русин успеал навремено да примети дека од зградата паѓа плоча по што избега. При тоа е причинета само материјална штета.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK