Skoda Octavia со нова награда за дизајн од Red Dot

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на Skoda Octavia прерасна во уште една успешна пазарна понуда на брендот што може да се пофали со признание од престижниот натпревар за дизајн, Red Dot. Самиот модел ја доби наградата по третпат, откако претходниците стигнаа до истиот успех во 2006 и 2007 година.

Низ годините, вкупно 14 автомобили на Skoda се одликувани за дизајн од Red Dot, откако првиот успех беше постигнат во 2006 година со OCTAVIA II COMBI. Другите наградени автомобили од брендот беа: ROOMSTER (2007), FABIA II (2008), SUPERB II и YETI (2010), RAPID (2013), RAPID SPACEBACK (2014), FABIA III (2015), SUPERB III (2016), KODIAQ и OCTAVIA III COMBI (2017), KAROQ (2018), SCALA (2019) и OCTAVIA IV (2020).

После повеќе од 6,5 милиони реализирани примероци од 1959 година досега, новата генерација на Octavia беше пуштена во производство во фабричкиот комплекс на брендот во Млада Болеслав кон крајот на ноември минатата година.

Првпат кај новата генерација на OCTAVIA, од SKODA нудат исто така и можност за порачка на проекциски head-up екран, целосно нови Ergo седишта, целосна диодна (LED Matrix) осветлувачки систем, нова верзија на рачката за автоматска трансмисија, тризонска клима, нов волан и целосно дигитализирана форма на контролната и централна табла. Од компанијата ветуваат исто така и дека новата генерација на автомобилот ќе понуди нова димензија во однос на удобноста и безбедноста во споредба со претходникот.

Должината на новата SKODA OCTAVIA веќе достигна до 4.689 мм или е за 22 мм поголема во споредба со претходникот, а зголемувањето се гледа и во ширина со 15 мм до 1.829 мм. Од брендот споделуваат исто така дека патниците на задните седишта можат да сметаат на зголемување на просторот за нозете, а товарниот дел на комби верзијата е веќе доста импресивен со 640 литри (600 литри кај хечбек возилата).

На почетокот на март станавме сведоци и на премиерата на целосно новата и прва во историјата на брендот OCTAVIA RS- OCTAVIA RS iV, опремена со plug-in хибриден погонски систем.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK