Суд казни автомобилски тјунерите кои имаат телевизиско шоу

ОБЈАВЕНО НА:

Уште пред десетина години телевизиските програми како Discovery беа ризница на знаења и вредни емисии.

Денес, покрај тоа имаат и содржини како Diesel Brothers (Heavy D и Diesel Dave), два типа кои преработуваат автомобили така што од нив ја симнуваат целата опрема за контролирање на емисијата на штетни гасови.

Врвот на шоуто е кога од оџакот на стар pick-upa ќе го отстранат црниот чад, тој добива на сила, а браќата ја објаснуваат генијалноста на своите постапки.

Сепак, не поминаа најдобро. Судот во Солт Лејк Сити во државата Јута им додели казна за нивната глупост. Поради тоа што ги отстраниле деловите од мотори кои ја смалуваат емисијата на штетни гасови (DPF и EGR) мораат да платат вкупно 851.000 долари. Во воздухот уште виси и трошокот за адвоктите, дополнителни 1,2 милиони долари.

Со вештачење е утврдено дека еден тјуниран pick-up на дизелските браќа емитува 36 пати повеќе штетни гасови и 21 пат повеќе честички отколку што е случај според фабричките спецификции.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK