Сите бегаат на Водно иако е скапо – викендов 638 возила платиле вкупно 1.000 евра за паркирање

ОБЈАВЕНО НА:

Додека во градот секогаш се бара начин да се избегне паркирањето кога за време на викенд се заминува на Водно тогаш речиси сите плаќаат, си пуштаат смс з акористење на паркингот. Паркингот на Водно во текот на викендoт го искористиле 638 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Ако се пресмета дека за првиот час се наплаќа по 100 денари, тогаш најмалку 63.800 денари се наплатени од сопствениците на возила. Ако се додаде дека веројатно 20 отсто останале и уште еден час, тогаш вкупната сума што е наплатена е сигурно околу 70.000 денари

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. И на Водно постои служба што внимава дали сите се паркирано регуларно со платен паркинг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK