Honda ќе го снабдува Toro Rosso со мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Honda и Scuderia Toro Rosso објавија дека постигнале договор за испорака на агрегати во сезоната 2018 во Формула 1. Според договорот Honda ќе ја снабдува со мотори екипата на Toro Rosso.

Honda досега беше снабдувач на мотори на McLaren, но таа соработка е прекината и англискиот тим во иднина ќе користи мотори на Renault. Инаку Toro Rosso всушност е втор тим на Red Bull, и таму се наоѓаат претежно млади возачи кои тука се калат и ја чекаат шансата како што тоа се случи со Макс Ферстапен.

Такахиро Хачиго, претседател и извршен директор на Хонда Мотор копродукции, ООД

„Toro Rosso е искусен тим со младешка енергија, долга историја и ветувачка иднина. Секој во Honda сака да работи со Toro Rosso и ние сме возбудени да почне оваа ново поглавје со нив во Формула 1. Би сакал да ја изразам нашата благодарност кон Liberty Media и ФИА за нивната соработка за реализација на ова партнерство. Honda и Toro Rosso ќе работат како еден тим за да постигнат успешна иднина заедно. Ја цениме поддршката на нашите обожаватели откако тргнавме на овој напор, изјави Такахиро Хичиго, ретседател и извршен директор на Honda Motor Co.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK