Renault 5 Prototype со наградата „Концепт автомобил на годината“

ОБЈАВЕНО НА:

Car Design News го награди претходникот на целосно новото Renault 5- Renault 5 Prototype со наградата „Концепт автомобил на годината“ – натпревр во кој биле вклучени сите тематски развои, претставени пред јавноста меѓу март 2020 и март 2021 година.

„Со победата на R5 Prototype на конкурсот на Car Design News за „Концепт автомобил на годината„ се додава дополнително значење на работата на тимот на Renault Design, со оглед на тоа што наградата доаѓа од жири сосавено од одликувани автомобилски дизајнери“, вели Жил Видал, потпретседател на одделот Дизајн на Renault.

„Исклучително сме горди“. Исто така сме горди и на начинот на кој беше примен Renault 5 Prototype, како и од медиумите така и од публиката…“, додава Видал.

Создавањето на Renault 5 Prototype, чија сериска верзија ќе биде претствена во 2024 година има за цел да демонстрира посветеноста на францускиот бренд кон идејата за развој на електрични автомобили кои ќе бидат достапни низ цела Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK