Lotus Type 130 премиерно на 16 јули

ОБЈАВЕНО НА:

Плановите на кинески Geely да го направи Lotus најдобар спортски бренд започнуваат со моделот Type 130.

Како што официјално потврдуваат од британскиот производител, премиерата на најновиот електричен автомобил Type 130.

Најавуван уште од минатата година, овој модел доаѓа со цел одбележување на 70 годишнината на овој спортски бренд. Иако нема официјално потврдени информации, овој модел ќе располага со два до четири електро мотори кои ќе продуцираат вкупно 1.000 КС. При тоа ќе има погон на сите четири тркала, а благодарение на перформансите на батеријата ќе може да помине 400 км.

Производството започнува кон крајот на годината, а ќе се спроведува исклучиво во Велика Британија. При тоа ќе бидат произведени само 130 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK