Прв краш тест годинава – Yaris со пет ѕвезди и со построги критериуми (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Потребни беа нешто повеќе од 9 месеци за Euro NCAP да го спроведе првиот краш тест годинава. Прв автомобил кој се појави на тестовите кои од оваа година се спроведуваат со заоштрени критериуми е Toyota Yaris.

Новата генерација на малиот градски автомобил во целост ги исполни критериумите за здобивање на максимални пет ѕвездички.

Најдобар скор освои во поглед на безбедноста на возачот и тоа 86%, еден процент повеќе од безбедносната асистенција. Во поглед на патниците на задната клупа односно децата, Yaris освои 81% додека во поглед на безбедноста и сигурноста за возачите 78%.

Краш тестот можете да го погледнете на видеото во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK