Одложена премиерата на Ford Bronco

ОБЈАВЕНО НА:

Премиерата на новиот Bronco закажана за 17 март се одложува поради коронавирусот, соопштуваат од Ford. Секторот за комуникации на американскиот производител во соопштение образложија дека одлуката следи откако се појавија и првите случаи во Мичиген, а со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

Претходно овој модел требаше да дебитира на саемот во Њујорк кој поради истата причина е одложен, па од Ford одлучија премиерата да ја направат на свој интерен настан.

Доаѓањето на Bronco во понудата на Ford значи враќање на овој назив по 24 години. За потсетување, називот Bronco, Ford го кроистеше за компактниот SUV кој се произведуваше и продаваше во периодот од 1965 до 1996 година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK