Dacia има 40.000 нарачки за електричниот Spring

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia објави дека за осум месеци од нејзиното претставување, нивниот прв електричен модел Spring веќе има 40.000 нарачки, вклучувајќи и 15.000 возила што веќе се испорачани.

Од Dacia велат дека првите испораки до клиентите биле извршени во октомври, а тоа се потрошувачи кои учествувале во прелиминарната фаза на нарачки, што беше во периодот од март до јуни годинава. Тоа се купувачи од Франција, Италија, Германија, Романија, Шпанија и некои други земји. Тогаш имаше собрано повеќе од 16.000 резервации за само три месеци.

Од романскиот бренд што е во 100 отсто сопственост на Renault коментираат и дека интересот за автомобилот продолжува да биде завиден, бидејќи од јули досега се примени повеќе од 5.000 нарачки на месечно ниво.

„Со 40.000 нарачки за осум месеци, Spring има одличен почеток“, вели Ксавиер Мартине, директор на одделот за продажба и маркетинг на Dacia. „Со тоа што ја прави електричната мобилност достапна за сите, Spring е привлечна за клиентите кои веќе го познаваат брендот Dacia, како и за многу нови клиенти.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK