Ова се финалистите за автомобил на годината во Србија

ОБЈАВЕНО НА:

Националната награда “Автомобил на годината” е сама по себе доста привлечна, без разлика на тоа во која земја се доделува. Март пак, е традиционално месец кога во најголем дел од земјите во Европа оваа награда е доделена или кога се познати финалистите.

Откако во Македонија победата ја однесе Opel Corsa, и нашиот северен сосед ги објави финалистите за оваа награда со што доделувањето влегува во последната фаза.

Жирито составено од новинари и други стручни лица од сферта на автомобилизмот, за финалисти ги одбраа Opel Corsa, Renault Clio, Peugeot 208, Volkswagen T-Cross и хибридната верзија на Е класата на Mercedes.

Добитникот на оваа награда ќе биде познат на 19 март во рамките на саемот за автомобили во Белград.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK