Макпетрол реши по кои цени ќе ги продава горивата

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата недела за последен пат Регулаторната комисија за енергетика ги одреди цените на горивата во Македонија сега секој снабдувач ќе може самостојно да реши по кои цени ќе ги продава. Макпетрол АД, најголемиот дистрибутер и продавач на горива во Македонија веќе ги објави цените по кои на нивните бензински пумпи ќе бидат продавани горивата.

Методологијата по која „Макпетрол“ АД Скопје ги формираше новите највисоки малопродажни цена на дериватите е светски призната методологија, која во себе ги вклучува сите давачки и сите реални трошоци на компаниите, се вели во соопштението на компанијата.

Како корпоративно општествено одговорна компанија, Макпетрол вели дека постојано работи на тоа потрошувачи навремено да бидат информирани за сите новости, како и да им се овозможат најквалитетни горива по најприфатливи цени.

Цените по кои ќе се продаваат горивата на бензинските на Макпетрол се:
– Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 71,00 денари за литар;
– Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 73,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 64,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 65,00 денари за литар;
– Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,00 денари за литар.

Во Макпетрол тврдат дека согласно пресметките, кога цените на нафтените деривати би се определувале по старата методологија, истите би биле повисоки од горенаведените цени кои се определени согласно Методологијата применета од Макпетрол.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK