Официјално: Ford Puma ST доаѓа на 24 септември (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уште пред некој месец Ford најави дека ќе ја лансира ST верзијата на моделот Puma. Сега, објавувајќи тизер видео потврди дека премиерата ќе се одржи на 24 септември.

Автомобилот ќе добие специјални нови тркала, нова предна решетка со тематски ST амблем, спортски седишта Recaro, спортски волан како и други надворешни детали кои има за цел да го истакне спортскиот карактер.

Во внатрешноста доминантен ќе биде 12,3 инчниот дигитален панел со инструменти како и новиот фордов инфозабавен систем со 8 инчен екран чуствителен на допир. Тука е и Bang & Olufsen аудио систем со дури шест звучници.

Под хаубата доаѓа со 1,5 литарски трицилиндрен EcoBoost турбо бензински мотор кој располага со 200 КС и 290 Nm обртни моменти односно истиот мотор како и кај Fiesta ST. До стотка ќе забрзува за околу 6 секунди.

Во продажба оваа верзија ќе се појави кон крајот на годинава. Во Велика Британија, според пишувањата на британските авто-магазини, цената ќе биде околу 27 илјади фунти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK