Peugeot 3008 е најпроизведувано возило во Франција за 2018

ОБЈАВЕНО НА:

PEUGEOT 3008 прогласен за еден од најпроизведуваните автомобили во Франција во 2018 година! Произведен е во фабриката на PSA Group во Sochaux. Овој SUV ја носи ознаката “Origine France Garantie” уште од самото лансирање во октомври 2016 година.

Овој модел беше произведен во 258.460 примероци во Франција во 2018 година, пред Toyota Yaris со 248.541 примероци. Секој ден околу 1.000 возила на PEUGEOT 3008 се произведуваат во фабриката на PSA Group во Sochaux која исто така има произведено над 23 милиони автомобили.

PEUGEOT 3008 беше развиен од страна на проектанските тимови во Sochaux и тестиран на патеките на тест центарот “Centre d’Expérimentation” во Белшамп.

Моделот е голем успех за Брендот од самото лансирање во октомври 2016 година. Тој е трето најпродавано возило во Франција во 2018 година и воедно придонесува за премиум статусот на PEUGEOT во категоријата SUV во Европа заедно со 2008 и 5008.

PEUGEOT 3008, исто така е лидер во C-SUV сегментот кај B2B корисниците и е рангиран на второ место место во сите категории на регистрирани патнички автомобили.

PEUGEOT 3008 има освоено 63 светски награди и беше прогласен за Автомобил на годината во 2017 од 58 европски новинари од 22 земји.

Соопштение на Еуроимпекс

Следете не и на:

24AUTO NETWORK