Новиот Sandero претставен под брендот Renault

ОБЈАВЕНО НА:

Познато е дека понудата на Renault во Јужна Америка е составена од автомобилите на Dacia ребрендирани под знакот на Renault.

Додека сите во Европа го чекаме подновениот Dacia Sandero, францускиот производител во Јужна Америка го претстави под знакот на Renault.

Од фотографиите објавени од страна на Renault Brazil може да се забележи дека најголемата измена е на задните светла, додека предните добиваат дневни LED светла во C форма. Димензиите остануваат исти, а единствено има зголемување кај клиренсот.

Renault Sandero facelift

Во внатрешноста доаѓа со модернизиран мултимедијален систем со Android Auto и Apple Car Play, а тука се целосно новите седишта, кожниот управувач и менувач на брзини, автоматската клима, воздушните перничиња итн.

Во пресрет на премиерата закажана за оваа година се очекуваат да бидат објавени повеќе официјални информации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK