Само во оваа земја во Европа има казна ако користите појас во возилото!

ОБЈАВЕНО НА:

Користењето на појасот во автомобилотне само што е задолжително туку неговото не некористењето е казниво со закон,. Истовремено туку тој е одговорен за илјадници спасени животи со децении. Некористењето на појасот во автомобил во голема мера ја зголемува можноста за добивање сериозни телесни повреди и ја намалува можноста за преживување, особено при тешки судири.

Сепак има и земји каде користењето појас не е означено како задолжително, туку е оставено на изборот на возачот и патниците. Тоа се Авганистан, Ангола, Боливија, Бангладеш, Нигер, Либерија, Буркина Фасо, Гвинеја-Бисао, Малдиви, Шри Ланка, Јемен, Кукови Острови, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Палау, Сао Томе и Принципе, Соломонови Острови, Того, Тонга и Тувалу, пренесува хрватски Јутарњи Лист.

Но во една европска земја постои пат каде што може да бидете казнети ако користите појас?

Се наоѓа во Естонија и колку и да изгледа неверојатно, со оглед на тоа што во таа балтичка држава, користењето на појасот е задолжително, властите поставија законска обврска со која се спречува употребата на овој пасивен безбедносен елемент токму за безбедноста на патниците во возилото.

Делницата минува преку Балтичкото Море и го поврзува островот Хиума со копното на Естонија и е најдолгиот пат на мраз во Европа, долг околу 26 километри. Овој пат се протега низ замрзнатата површина на Балтичкото Море.

Обично е отворен од крајот на јануари до крајот на март кога мразот е доволно дебел за да ја издржи тежината на возилото.

На тој пат нема мостови или градби кои го држат самиот пат, а автомобилите буквално возат по дебел слој мраз кој се формира кога морето замрзнува поради ниските температури.

На овој начин можете да го скратите патувањето и да избегнете возење по рутата од копното до островот. Причината поради која е забрането користењето на безбедносните појаси е да се скрати времето потребно за возачот да излезе во случај на несреќа, како и да се олесни спасувањето на жртвите во случај на пукање мраз во кој било дел од пат.

Дополнително, на овој патен правец сообраќајот на возилата е ограничен во интервали од три минути, што ја елиминира можноста за судир.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK