Bentley мебел кој чини повеќе од BMW серија 3

ОБЈАВЕНО НА:

Ако планирате да ја подновите вашата дневна или спална соба со некој мебел тогаш имајте на ум дека Bentley дизајнираше специјална линија на мебел. Кревет, софа, фотелја, тоа е она што Bently специјално го дизајнираше за сите љубители на автомобилизмот и луксузниот мебел. Тоа е она што вие можете да го купите за вашиот дом.

Но има еден голем проблем. Цената.

Така за софата ќе ви бидат потребни 14.710 долари без вклучен ДДВ. Столицата со потпирачи за раце чини 9.040 долари додека обичната столица ччини 4.230 долари. Спалната може да биде ваша за само 11.950 долари.

Севкупно, за оваа колекција потребни ќе ви бидат речиси 40 илјади долари. Тоа е еднакво на вредноста на BMW серија 3 со богато ниво на опременост или пак R изведбата на Volkswagen Golf. Со овие пари можете да купите и некој SUV од понудата на Skoda, Seat, Toyota, Volkswagen со добро ниво на опременост.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK