Mercedes не знаат како нивните луксузни автомобили завршиле во Северна Кореја

ОБЈАВЕНО НА:

Се почестите појавувања на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и неговите состаноци со високи државници на виделина го изнесоа возниот парк на овој лидер, каде доминираат луксузните Mercedes лимузини.

Секако ова нема да е толку чудно ако се знае дека Северна Кореја веќе подолг период се наоѓа на санкции од страна на Обединтетите Нации како и САД и Европската Унија, па оттука некои медиуми јавија дека германскиот производител скришно ги испорачува своите автомобили во Северна Кореја.

По повод овие обвинување со соопштение се јави и германскиот производител. “Немаме апсолутно никаква идеја како тие возила се испорачани на Северна Кореја” изјави портпаролката на Daimler, Мокерт во писмен одговор за медиумите.

Инаку на последните јавни настапи, Ким Џонг Ун допатува со Mercedes S600 Pullman Guard и Mercedes Maybach S62.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK