Dodge го најави својот нов кросовер – доаѓа обновениот RAM 1000 –

ОБЈАВЕНО НА:

Додека во Европа сите погледи беа насочени кон саемот во Минхен, во другиот дел од светот, поточно Јужна Америка, претставен е обновениот RAM 1000. Се работи за пик-ап модел кој целосно се темели на моделот Fiat Toro кој е еден од најпродаваните во својата класа во Бразил.

Оттука, должината на ова возило изнесува 491 см, ширината 184 см, висината 174 см додека пак меѓуоскиното растојание 298 см. Вкупниот капацитет на багажниот простор изнесува 820 литри за основната верзија.

Во однос на мотористиката, во основната верзија овој модел е понуден со 1,8 литарски бензински мотор со 130 КС и 170 Nm обртни моменти. Тука е и шест степениот автоматски менувач. Во внатрешноста доаѓа со 7 инчна дигитална инструментална табла како и инфотејнмент систем со 8,4 инчен екран осетлив на допир.

Истовремено, Dodge за латино-американскиот пазар го најави и својот кросовер кој претставува модифицирана верзија на Trumpchi GS4 Plus кој во Кина го произведува GAC-Stellantis. Називот на овој кросовер не е познат, а премиерата се очекува кон крајот на овој месец.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK