Во Грција ќе поевтинат туристичките аранжмани?!

ОБЈАВЕНО НА:

Иако има уште неколку месеци до почетокот на туристичката сезона, можно е цените на хотелското сметување во Грција да поевтинат. Причината се руските туристи. А најмногу би требало да профитира Турција.

Според грчките медиуми, Турција размислува да им дозволи на руските туристи да доаѓаат без визи и пасоши, што сериозно ќе влијае на посети на Русите во Грција. Анкара е подготвена да им дозволи на руските туристи да се одмораат во земјата под релаксиран режим – само со лични карти.

Грчките хотелиери очекуваат пад и масовно откажување на резервациите од страна на Русите. Повеќето од нив ќе ја преферираат Турција, каде што се нудат многу поевтини пакети.

И покрај очекувањата на грчкиот туристички сектор за привлекување на повеќе руски туристи оваа година, нивниот број веројатно ќе биде помал од минатата година, кога само 520.000 Руси престојувале во Грција, според информациите што ги објави грчката Народната банка.

„Министерство за туризам од Атина треба целосно да ја смени својата стратегија за да не ги изгуби руските туристи, изјавил сопствениците на хотелот за грчките медиуми.