Нема веќе мамење: WLTP системот ќе го покажува вистинското загадување и потрошувачка (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од септември оваа година сите нови автомобили кои ќе се продаваат на европско тло ќе имаат податоци за просечната потрошувачка и емисија на јаглерод-диоксид измерена по новиот, реалистичен WLTP стандард, а тоа е еединствена постапка за тестирање на возилата.

Досегашниот начин на тестирање на новите автомобили, NEDC, кој парадоксално и понатаму во својот назив го има атрибутот „нов“ (Нов европски возен циклус) иако е воведен пред повеќе од две деценции, стана преценет пред сè поради процедурата која не е доволно реалистична. Затоа органите на Европската унија одлучија да го воведат WLTP стандардот, кој официјално почна да се применува на 1 септември во 2017 година.

Од тој датум потполно новите модели на возила кои првпат се појавуваат на пазарот во ЕУ, податоците за потрошувачката на гориво и CO2 емисијата ја добиваат по WLTP циклусот, додека за другите нови автомобили кои се продавани пред септември 2017 оваа обврска стапува на сила година подоцна односно од 1 септември 2018 година.

Затоа од оваа есен ќе бидат израмнети процедурите и податоците истакнати во брошурите на сите нови автомобили кои се достапни за купувачите во земјите на Европската унија. Исклучок ќе претставуваат малите, ограничени контингенти на моделите кои излегуваат на пазарот, а на лагр има и понатаму одреден број на овие возила. За таквите модели е даден рок од една година (1 септември 2019) за да можат произведувачите да ги распродадат користејќи ги притоа старите NEDC тест податоци.

WLTP процедурата дава пореална слика, пред сè кога станува збор на емисијата на јаглерод-диоксид, па таа на хартија ќе биде поблизу до реалната емисија кај новите атомобили во секојдневната експлоатација.

Тоа е многу важно, како за произведувачите кои мораат да исполнат услов за просечната емисија на CO2 на сите нивни модели да не ја минува пропишата граница (според регулативата на ЕУ во моментов таа изнесува 95 г/км), така и за властите кои ќе можат попрецизно да ја контролираат количината на јаглерод-диоксид која ја емитуваат новите автомобили.

За да може WLTP да даде релевантни податоци, процедурата на тестирањето е заострена. На пример, додека NEDC имаше едноставен „рамен“ циклус, WLTP има подинамичен, кој ги репрезентира реалните услови на возење. Разликата е во должината на тест-процесот.

NEDC траеше 20 минути, а WLTP трае 30 минути. Поголема е и просечната брзина на автомобилот, па во WLTP циклусот таа изнесува 46,5 км/ч, додека на NEDC беше само 34 км/ч, а порасна и максималната брзина која се постигнува со помош на тестирање, од 120 км/ч на 131 км/ч. Исто така се сменети и температурните услови при тест-циклусот. Мерењата по NEDC процедурата се вршени на температура од 20 до 30 степени, додека податоците на емисијјата за јаглерод диоксид кај WLTP стандардот се добиваат на 14 степени.

Овие и некои други разлики меѓу двата циклуси се гаранција дека новите автомобили ќе имаат сертификати со реални податоци, како за CO2 емисијата, така и за потрошувачката. Тоа особено се однесува на измерената емисија на јаглерод диоксид која секако ќе биде поголема од порано. Произведувачите на автомобили ќе мораат поради тоа да вложат повеќе напор (и пари) при развојот на нови погонски системи за да се вклопкат во пропишаните норми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK