Срце те боли кога гледаш како ги уништуваат – а вредат богатство (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Секој нов автомобил пред да излезе на пат мора да исполни безброј стандарди, а најважни од нив се оние поврзани со безбедноста. Исклучоци не се дозволени ниту за буџетните малкулитражни возила, ниту за супервозилата за милиони.

На краш тестовите подлежат дури и егзотичните возила како Pagani Huayra или Bugatti Veyron, а глетката како целиот инженерски триумф се разбива на парчиња колку е болна толку е и хипнотизирачка.

Списокот на возила чиј краш тест е најскап можете да го погледнете во продолжение.

Pagani Huayra

Орасио Пагани го идентификувапе американскиот пазар како клучен уште при проектирањето на Huayra. Претходниот модел на компанијта Zonda не доби сертификат за продажаба во САД, што не беше добро за приходите. Huayra треба да премине цела серија на жестоки испитувања – програма за оценка на безбедност во САД позната како една од најсложените во светот.

Кршењето на неколку возила со цена од над милион секоја е скапо задоволство дури и за Pagani. На краш тестовите е подложена само една шасија, која учествува во над 20 испитувања. Иновацискиот јаглеродно-титаниумски композит создаден од Орасио Пагани ја докажа ефективноста на 100 проценти.

Mercedes-Benz SLS

Како врв на понудата на германскиот производител SLS треба да му ги покаже на светот сите технологии со кои располага Mercedes-Benz. Моделот е снабден со најдоброто од системите за безбедност на компанијата и без изненадување се справува како на шега со внатрешните фабрички испитувања.

При директен челен удар со 60 км/ч клетката на патничкиот отсек останува недеформирана, а при паѓање на таванот пирофотоните ги отвораат вратите за да овозможат патниците да излезат од купето.

Lamborghini Murcielago

Murcielago е првиот модел во чие проектирање учество зема Audi, и прашањето за безбедноста е поставено на прво место. За време на фабричките тестови струкрурата на силата на автомобилот покажува одлични резултати. Предницата има ефективна моќност при челен удар со 60 км/ч, а патничкиот отсек останува непроменет.

Тешкиот 12-цилиндричен мотор исто така ја фаќа силата на инерција. Прашање е само колку сопственици на Murcielago возат со 60.

Koenigsegg Regera

Слично како Pagani Huayra, Regera исто така е проектирана за извоз низ целиот свет. Уништувањето на таквите автомобили кои вредат по два милиони долари е вистински луксуз, кој Кирстијан Фон Коенигсег не може да си го дозволи и за целите на краш тестовите се користи само една шасија. Инженерите и механичарите на компанијата го поправаат после секој удар.

Подоцна истото возило е користено и во испитувањата на издржливост. За време на тие текстови ја возат по патишта, по кои Regera никогаш во реалноста не би се движела. За безбедноста на моделот говори и еден друг факт, а тој се однесува на распродаденоста на комплетниот тираж.

Bugatti Veyron

Една од причините поради кои проектот Veyron не излезе во плус е отпадот на Volkswagen во краш тестовите. Во периодот од 2002 до 2005 година Bugatti уништи најмногу три прототипови со вредност на секој од 1,5 милиони долари.

За сметка на тоа клиентите можат да бидат сигурни дека најбрзиот сериски автомобил на она време ги покрива апсолутно сите стандарди за безбедност. Колку бројки од наследникот Chiron станале жртва на краш тестовите не се соопштува.

McLaren F1

Господарот на 90-тите исто така не е поштеден. Гордон Мареј го осветлува возилото до краен степен, но тоа се случува поради откажувањето на на климата, ABS, воланот и други слични елементи, а не на штета на структурната сила. F1 има толку силна конструкција што една шансија е доволна за сите краш тестови во европскиот циклус. Тестовите се извршени на почетокот на 90-тите во центарот MIRA.

Според очевидци после крајот на програмата остатоците од возилото биле жална глетка. Лушето како Ројан Еткинсон, кои неколкупати имале судир со својот F1, секако ја ценеле жртвата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK