Мало, мало, ама техничарче – не го потценувајте воопшто Abarth 595 Competizione (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Големината не е секогаш главен предуслов за одлични брзински перформанси. Постојат бројни докази за тоа, а еден таков е и спортската верзија од моделот Fiat 500, позната како Abarth 595 Competizione.

Токму овој модел се најде на последно објавеното видео на AutoTopNL каде се прикажани брзинските перформанси на автопат без ограничување на максималната брзина, некаде во Германија.

Примерокот кој е прикажан на следното видео е опремен со 1,4 литарски турбо мотор кој продуцира максимални 205 КС при 300 Nm обртни моменти. До стотка забрзува за околу 6,5 секунди.

Видеото кое е проследено со одлично аудио може да го погледнете во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK