Го отпуштија, но не е за жалење: Поранешен директор на Ford ќе добие отпремнина од 58 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешниот директор на Ford, Марк Филд нема да има зима иако беше отпуштен од раководната функција во компанијата. Ако се точни пишувањата на магазинот Automotive News, Филд би требало да добие отпремнина од речиси 58 милиони долари.

Уште поинтересно е што најголемиот дел од отпремнината ќе биде во вид на акции на компанијата, и тоа во период кога истите имаат пад од 40 отсто откако Филд беше на чело на компанијата. Се шпекулира дека токму тоа била и главната причина за отказот од директорската функција.

Според Блумберг, од овие 57,7 милиони долари, 29,4 милиони долари отпаѓаат на акции кои треба да бидат издадени до 2020 година, потоа 17,5 милиони како отпремнина, 8,1 милион во акции и уште 2,1 милион како дополнителен бонус. До 1 август ќе има и пристап до флотата на возила на Ford, и плус до авионите на компанијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK