Купи Rimac Nevera и имаш 8 години бесплатно полнење!

ОБЈАВЕНО НА:

Хрватскиот Rimac Nevera е електричен модел што го освојува светот, а сега е договорена уште една поволност за оние 150 среќните сопственици што ќе можат да го имаат овој модел.

Ако го купите моделот, односно бидете на листата за купување, и ја возите вашата Nevera во Европа, ќе добиете и бесплатна наплата за првите осум години од сопственоста. Се разбира, доколку одвоите 2,5 милиони долари за моделот, поволноста што ја дава компанијата баш и многу нема да влијае на вашиот буџет.

Хрватскиот производител најави ново партнерство со Ionity, еден од најголемите оператори на станици за полнење електрични возила на Стариот континент. Според новиот договор меѓу двете компании, оние кои ќе ја купат Nevera ќе добијат осум години неограничено и бесплатно полнење на сите станици на Ionity во 24 земји во Европа.

Nevera обезбедува опсег од 490 км. и опција за полнење од 500 kW преку батерија од 120 kWh. Оваа извонредна инженерска карактеристика, во комбинација со наградуваниот полнач Halo на IONITY со капацитет за полнење од 350 kW, овозможува батеријата да се наполни од 0% до 80% во рок од 25 минути.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK