Како изгледа новото лого на VW

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот германски производител на автомобили, Volkswagen, и има новото лого кое од следната година ќе се појави на сите модели на овој производител.

Логото и понатаму ги задржува буквите V и W, но сега истите се поистакнати, во 2D форма, а едноличната сина боја е заменета со поколоритна.

“Ребрендирањето е логична последица на нашата стратешка реориентација на брендот” изјави Јирген Стакман, член на бордот на директори задолжен за продажба, маркетинг и пост-продажба. Токму со новото лого, Volkswagen започнува нова етапа од еволуцијата на брендот преориентирајќи се кон електричните возила.

Покрај новото лого, Volkswagen добива и ново мото кое официјално ќе биде претставено на саемот во Франкфурт наредниот месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK