Audi кажува збогум на печатените каталози

ОБЈАВЕНО НА:

Од следната година нема да може да најдете печатени каталози во продажно-изложбените салони на Audi, соопштува германскиот производител. Печатените каталози се застарен концепт, сметаат од Audi притоа додавајќи дека како такви тие не предизвикуваат големи, продажни ефекти.

Со укинувањето ќе се исполнат две цели: финансиски и еколошки. Печатењето на каталози знае да биде многу скапо, не толку самата постапка на печатење колку што е скапо самото дизајнирање. Со дигитализацијата и напуштањето на традиционалните каталози се очекува да се заштедат илјадници евра.

Од друга страна тука е и еколошкиот аспект. Со самото напуштање на печатените каталози директно се влијае врз намалувањето на загадувањето.

За потсетување, пред само една година иста ваква одлука донесе и Mercedes-Benz, а се очекува и останатите производители полека, но сигурно да ја напуштат оваа долгогодишна пракса.