Јапонија почна да тестира воз кој забрзува до 400 км/ч (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во Јапонија веќе почна тестирањето на новата генерација на воз кој се нарекува Alfa-X. Овој воз ќе го произведува компанијата Kawasaki Heavy Industries и Hitachi, а ќе може да достигне максимална брзина од 400 км/ч, но се очекува да вози патници со брзина до 360 км/ч откако ќе влезе во служба во 2030 година. Претходно се потребни неколку години за тестирање при ноќно возење меѓу градовите Аомори и Сендаи.

За да може да се носи со големите брзини овој воз ќе има аеродинамичен нос долг 22 метри, кој е дизајниран да го минимализира притисокот и да ја смали количината на бучава која ја создава возот, посебно во ситуации кога минута низ тунели. Ќе биде тестиран и нос со должина од 16 метри. Возот е опремен со воздушни кочници монтирани на кровот, како и со магнетни плочи за кочење.

Alfa-X ќе стане најбрзиот воз кога ќе се појави во 2030 година, но нема да биде и најбрзиот воз за во Гинис со оглед на тоа што таа титула во моментов му припаѓа на Шангајскиот маглев воз, кој користи магнети за да лебди над шините. Неговата максимална брзина изнесува 431 км/ч.Јапонија се подготвува за пуштање во служба на својот воз меѓу Токио и Нагоја во 2027 година, кој би требало да достигне брзина до 505 км/ч.

Пред доаѓањето на новиот воз во 2030 година, Јапонија планира да почне да користи нова Supreme верзија на постоечкиот Шинкасен булет воз во време на Олимписките игри во Токио 2020 година. Новиот воз ќе достигнува брзина од 300 км/ч, но ќе биде полесен, поекономичен и поудобен. Исто така патниците ќе имаат и повеќе простор за нозете, како и приклучоци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK