И Турците ќе имаат свој летечки автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Меѓу неколкуте земји кои најавија активности во создаањето на летечки автомобили се наоѓа и Турција каде што компанијата Baykar веќе работи сериозно на прототипот на ова возило.

Веќе се објавени и плановите за иднината, а во најавата стои и план за изработка на прототип за првиот летечки автомобил. Oва ќе биде прв ваков проект кој ќе биде работен во оваа земја со што е направен голем напредок.

Во период од осум месеци колку било потребно за да се развие овој производ е работено на сè почнувајќи од дизајн изработка на прототипот, но и на негово тестирање.

Летечкиот автомобил се очекува да биде финализиран во текот на септември, а доколку се остварат очекувањата тогаш тој би требало да биде претставен на технологшкиот саем, Teknofest, кој се организира во Турција.

Baykar е компанија која е основана во 1984 година, а произведува вооружени и невооружени дронови, контролни системи, симулатори и авионски системи.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK