Горивата поевтинуваат до 1,5 денар

ОБЈАВЕНО НА:

Ако не сте ставиле гориво, можете да почекате бидјеќи од полноќ цените поевтинуваат. Горивата поевтинуваат до денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, а дизелот за денар и пол.

Согласно оваа нова одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 66 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 68 денари за литар, а дизелот за 55 денари за литар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK