Полугодие со рекорди во продажбите на Skoda

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Skoda објавија дека е забележам продажен успех со пораст од 11,6 проценти односно 652.700 продажби во првата половина од 2018 година. Тоа е воедно и најдоброто полугодине в целата историја на брендот.

Само во изминатиот месец, реализацијата  на овој бренд на глобално ниво била подобрена со 10,8 проценти што е некаде 116.500 возила, а основните причини за успехот на компанијата  се СУВ моделите Kodiaq и Karoq, како и пазарното лансирање на компактниот СУВ Kamiq во Кина,

Најпродавано возило на Skoda во првите шест месеци од 2018 година е Octavia (210.700), а потоа следуват Fabia (105.300), Rapid (101.400), Kodiaq (77.900), Superb (74.100), Karoq (50.100), Citigo (21.000), Yeti (12.000) и Kamiq (200).

Од Skoda отчитуваат и пораст од 5,9% до 267.100 автомобили во Западна Европа во првата половина од годината. Во Централна Европа подобрувањето кое е направено е од 8,2% до 20.800 единици, а во Источна Европа (без Русија) е 17.5% до 22.600 возила.

На најголемиот пазар во Кина, Skoda првата половина од годината ја заврши со подобрување на бизнисот од 23,5% и со продадени 165.500 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK