Fiat 500 Dolcevita е јубилејното 12.500.000 возила од фабриката во Тичи

ОБЈАВЕНО НА:

Фабриката на Stellantis во Полска го прослави излегувањето на 12,5 милионитото возило од производните ленти на фабриката во Тичи. Уникатниот јубилеен автомобил е двобоен Fiat 500 Dolcevita, опремен со најсовремен хибриден погонски систем, кој ќе оди кај клиент во Белгија.

Традиционално, вработените во фабриката Tychy слават и во вакви прилики ги издвојуваат автомобилите произведени непосредно пред и по јубилејниот автомобил. Возилото со број 12.499.999 беше елегантното, Lancia Ypsilon Hybrid, кое ќе оди на италијанскиот пазар, додека моделот +1, со број 12.500.001, жестокото и спортски Abarth 695 Tributo 131 Rally и ќе патува за Германија.

„Уриваме нови рекорди и сето тоа е благодарение на нашиот сакан Fiat 500, бидејќи токму со производството на овој модел нашата фабрика достигна толку импресивна бројка од 12,5 милиони. Веќе со години, Fiat 500 останува еден од најомилените возила за Европејците во сегментот на мали градски автомобили Задоволни сме што и во Полска нашиот Fiat 500 доминира на рангирањето на продажбата во својот сегмент“ – ја сумираше церемонијата Томаш Гебка, менаџер на фабриката Stellantis во Тичи.

Фабриката Tychy наскоро ќе започне со производство на целосно новиот Jeep® Avenger, првиот целосно електричен SUV на Jeep и првото електрично возило произведено во Полска за мејнстрим пазарот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK