(ВИДЕО) Судар како од филмовите во режија на Audi A3

Судар како од филмовите се случи во австралискиот град Аделејд откако возач на Audi A3 по претекнување имаше неуспешен обид за престројување во својата лента.

Возачот на жолтото Audi најпрво се удри во задното крило на автомобилот кој се движеше во истиот правец, а потоа странично се удри во возилото на кое е поставена камерата.

Официјалниот полициски извештај кажува дека во несреќата две лица, возачи, биле хоспитализирани, но за среќа без сериозни повреде.

Видеото можете да го погледнете во продолжение.