Коронавирусот не му може ништо на BMW – лани со профит од 3,86 милијарди евра

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата на коронавирусот иако влијаеше негативно врз автомобилската индустрија и продажбата на автомобили, сепак го задржа задоволителното ниво на профит кај некои од производителите. Таков е примерот со BMW кој иако оствари пад на профитот од 23%, сепак оствари сосема доволен профит.

Како што покажуваат официјалните финансиски извештаи, германскиот производител минатата година ја заврши со нето профит од 3,86 милијарди евра и покрај негативните трендови кои се појавија во вториот квартал минатата година.

Најголем придонес за остварување на овој профит имаше порастот на продажбата во втората половина особено четвртиот квартал минатата година. Ова особено важи за кинескиот пазар чија продажба се стабилизраше уште летото.

Rolls-Royce кој исто така е дел од BMW Групацијата минатата година оствари пад на продажбата од 23% продавајќи само 3.756 автомобили. Токму и оваа продажба имаше голем удел во вкупниот профит на BMW.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK