Дилерите бараат да се обнови понудата на Mitsubishi

ОБЈАВЕНО НА:

Дилерите на Mitsubishi се здружија во САД и поднесоа интересно барање до јапонскиот производител. Бараат целосно да се обнови понудата како би биле конкурентни на американскиот пазар.

Тие за ова барање се поттикнати од одличната продажба на новиот Outlander, но и многу лошата продажба на останатите модели.

“Новиот Outlander е најдоброто возило на Mitusbishi кое сме говиделе последните неколку години” изјави претседателот на O’Brien Auto Team од Блумингтон, Илиноис. Неговиот соработник, Рајан Гримор кажа дека благодарение на дизајнот и перформансите, но и состојбите на пазарот, овој модел се продава многу добро.

Во моментов, понудата нa Mitsubishi во САД, покрај од моделот Outlander, е составена и од моделите Eclipse Cross, Mirage G4 и Mirage.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK