четврток, 25 јули, 2025 година

Сударите со животни на пат носат штета од 4 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Една нова студија од САД утврди застрашувачките трошоци предизвикани од судири на животни на патишта низ целата земја. Многу често се случува при патувања, на патот одненадеж да се појави животно, а возачот да не може навреме да реагира, па неизбежно е судирање.

Студијата е наречена “Дивиот свет на патот” и составена од Хавахарт, и во нејзе испитувале 1.0000 Американци и било откриено дека судирите со животни прават годишно штета од околу 4 милијарди долари.

- Advertisement -

Во повеќе од 70 проценти од државите во САД, најчесто погоденото животно на патот е еленот, и студијата покажа дека секоја година, судирите со животни предизвикуваат 12.000 човечки повреди и 150 смртни случаи.

Најпогодено животно е еленот

Од анкетираните, 79 отсто рекле дека имале или речиси го погодиле животното додека возеле. Повеќето сметаат дека е подобро да се погоди мало животно отколку да се обидат да се заобиколи или да се сопре пред да се судрат. Меѓутоа, кога станува збор за поголеми животни, вклучувајќи и елени, повеќе од 60 проценти од испитаниците рекоа дека најдобро е да се сопре за да се избегне сударот.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја