Daimler првпат со загуба по 10 години

ОБЈАВЕНО НА:

Германската компанија Daimler која е сопственик на брендовите Mercedes и Smart ги објави официјалните финансиски податоци потврдувајќи дека во вториот квартал годинава забележала загуба.

Така во периодот од април до јуни оваа компанија остварила загуба од 1,2 милијарди евра што претставува прв негативен квартален резултат по десет години.

Во наведениот период Daimler забележа зголемување на приходите за 5% на 42,7 милијарди евра и поркај падот на продажбата од 1%. Сепак и покрај тоа, поради други трошоци, крајниот резултат е неповолен за компанијата, а најголемо влијание за тоа имаше масовното повлекување на возилата поради скандалот со воздушните перничиња Takata.

Сепак аналитичарите се оптимисти во крајниот годишен резултат. Така тие очекуваат Daimler да ја заврши годината со позитивен перформанс проследен со зголемување на продажбата споредбено со минаата година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK