Шанса за сите талентирани: Rolls-Royce бара млади дизајнери до 16 години

ОБЈАВЕНО НА:

Ако ги сакате автомобилите, сакате да цртате, дизaјнирате и имаме идеи… и сте на возраст до 16 години? Тогаш можеби сте вие личноста што ја бара Rolls-Royce. Компанијата има кампања за откривање на нови таленти во светот што би биле дек од реномираната подружница на BMW за супер луксузни автомобили со прекрасна историја.

Резултатот не мора да изгледа како овој Crabben-Mobil скициран од младиот талент Томас. Смелите дизајнери кои го преземаат овој креативен предизвик можат да дизајнираат сопствен супер луксузен автомобил.

Овој натпревар ќе им овозможи на креаторите на иднината да ја искористат својата фантазија и креативност додека остануваат врзани во својот дом од кризата со коронавирусот.

Тимот за дизајн на брендот ќе ги оцени сите предлози. Победникот ќе добие возило Phantom Rolls-Royce со возач за да ве одвезе на училиште на првиот ден по карантин, заедно со најдобарот пријател.

Учесниците ќе добијат личен сертификат од шефот на Rolls-Royce, Торстен Мулер-Отвос. За повеќе информации, посетете ја страницата https://rolls-royceyoungdesignercompetition.com

Натпреварот е отворен до 18 мај 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK