Топ 10 најскапи автомобили во светот (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Добро е познато дека голем број на автомобилски брендови имаат неверојатни цени кои се поголеми и од 2-3 милиони долари.

Има неколку такви возила кои се најдоа во рангирањето, а тука не станува збор за стари колекционерски возила туку за автомобили кои се сосема нови.

Екслузивните возила будат голем интерес кај возачите, а најскапиот беше промовиран пред кратко време на саемот во Женева и чини неверојатни 19 милиони долари.

Lykan Hypersport

Најевтиниот на рејтнзите е автомобилот на W Motors, кој развива брзина од 390 км/ч, има моќност од 750 коњски сили и цена од 3,5 милиони долари.

Aspark Owl

Јапонскиот супер автомобил е со импресивна моќност од 1166 коњски сили и може да забрза од место до 100 км/ч за две секунди. Цената на Aspark Owl е 3.57 милиони долари.

McLaren P1 LM од Lanzante Motorsport

Тоа е тркачката верзија на P1, но е прилагодена од Lanzante Motorsport за употреба во цивилната патничка мрежа. Тиражот е шест возила, а цената е 3,6 милиони долари.

Lamborghini Veneno Roadster

Овој италијански супер автомобил е направен во чест на 50-годишниот јубилеј на брендот. Автомобилот е на база на Aventador, а тиражот е само девет примероци. Секој чини 4,5 милиони долари.

Koenigsegg CCXR Trevita

За сума од 4,8 милиони долари можете да добиете еден од трите карбонски Koenigsegg. Два од нив веќе се продадени, па останува само уште еден слободен автомобил на пазарот, кој е покриен со дијамантска иновациска боја.

Ferrari P80/C

Овој автомобил е создаден во еден и единствен примерок и е по нарачка на анонимен клиент. Поради таа причина нема официјална информација за цената, но според гласините таа е околу пет милиони долари.

Bugatti Divo

Уште еден хипер автомобил, погоден за користење на стандардните патишта. Експертите од Bugatti ќе направат 40 примероци од автомобилите, а секој ќе биде со цена од 5,8 милиони долари.

Rolls-Royce Sweptail

Го нарекуваат „Јахта на копно“, а овој автомобил е направен специјално за милијардерот од Кина, Сам Ли. Се работи за единствениот примерот од Rolls-Royce и за него Кинезот има платено 15 милиони долари.

Pagani Zonda HP Barchetta

Делата на Хорацио Пагани никогаш не се одликувале со ниска цена, но конкретно овој автомобил е еден од најскапите во историјата на брендот. Секој од трите примероци се продава за сума од 15,5 милиони долари.

Bugatti La Voiture Noire

Најскапиот автомобил на светот, кој беше покажан на саемот во Женева сè уште не е целосно готов. Сепак, се тврди дека веќе е купен за неверојатна цена од 19 милиони долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK