Volkswagen веќе прима нарачки за Golf GTI (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen објави дека веќе се примаат нарачки за купување на целосно новата генерација на легендарниот Golf GTI, а за основна цена на спортскиот модел во Германија е одредена сумата од 37.607 евра за мофицикацијата со 7-степен роботизиран DSG менувач.

„Повеќе од четири децении, ознаката GTI беше задоволство во спортското управување и технологија од највисоко ниво“, вели Јирген Стакман, кој е член на управувачкиот борд на Volkswagen, а исто така одговара и за продажбите на брендот.

„Им благодариме на нашите клиенти за продажбите од 2,3 милиони Golf GTI. Новиот GTI е полн со иновации. Тој исто така постави нови стандарди и нови возбудувања за нашите клиенти“, додава Стакман.

Новиот Golf GTI доаѓа со турбоагрегат, кој ветува максимална моќност од 245 коњски сили и максимален вртежен момент од 370 Нм, роботизиран DSG менувач со оптимизиран спортски режим на работа, нов спортски GTI мултифункционален волан со чувствителни на допир зони за управување на секундарните системи и друго.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK