Во јули завршува производството на Jaguar XJ – доаѓа новата генерација

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar Land Rover (JLR) објави дека во јули завршува производството на четвртата генерација од овој модел воведена уште во 2010 година. Со ова се реализира и најавата од минатата година според која во втората половина од годинава во фабриката во Бирмингем треба да започне производството на новата генерација.

Од 2010 година па заклучно крајот на минатата, Jaguar од овој модел кој во понудата е достапен со 3.0 дизелски и 3.0 и 5.0 бензински мотор успеа да продаде 110 илјади автомобили што е еден од најпродаваните актуелни модели на Jaguar.

За новата генерација, Јан Калум, директорот за дизајн на Jaguar не открива многу информации. Она што веќе подолго време кружи во јавноста е дека ќе се базира на новата MLA платформа, а ќе биде понуден и во електрична изведба со четири електромотори заедно со 100 kWh батерија и погон на сите четири тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK